Франција: Не користете кокаин, не го убива новиот коронавирус


Франција– Француската Влада ги предупреди своите граѓани да не користат кокаин за да се заштитат од новиот коронавирус.

Беше издадено предупредување за кокаин како одговор на низата мемеа кои сугерираат дека таа дрога го убива коронавирусот.

„Не, кокаинот не штити од Ковид-19. Тоа е дрога на зависност што предизвикува сериозни и штетни последици”, напиша француското Министерство за солидарност и здравје на Твитер.

Предупредувањето е издадено од Министерството со цел да се намали влијанието на дезинформациите што се појавија во француската јавност.

Слични предупредувања се издадени за размачкување на телото со алкохол или хлор, во кое се вели дека тие не убиваат вируси што се веќе во организмот.