Франција мораше да стопи 27 милиони монети, ѕвездите беа фатални


Франција уништи и прекова 27 милиони монети откако беше откриено дека прикажувањето на ѕвездите на знамето на ЕУ не е во согласност со стандардите на Европската комисија.

Ковачницата Monnaie de Paris ги произведе монетите од 10, 20 и 50 центи минатиот ноември.

Според правилата на ЕУ, земјите можат да го менуваат дизајнот на „националниот“ лик на монетите на еврото на секои 15 години, но им треба зелено светло од Комисијата, како и од другите влади на еврозоната, пишува Politico.

Франција неформално стапи во контакт со Комисијата во ноември, пред да испрати официјално барање за одобрување, но ковачницата продолжи да работи без да чека одлука од Европската унија.

После тоа, Европската комисија испрати неформално предупредување во кое нагласува дека новиот дизајн не е во согласност со правилата на ЕУ.

Официјален претставник на Министерството за економија рече дека „Моне“ е автономна јавна компанија и не е дел од француската администрација. Ова значи дека таа ќе ги сноси сите трошоци за повторно ковање на монетите.

„Нема да има трошок за француските даночни обврзници бидејќи компанијата ќе ги апсорбира во своите оперативни трошоци“, рече претставникот.