Франција ќе ѝ помогне на државната железница СНЦФ со неколку милијарди евра

Франција ќе и помогне на државната железничка компанија СНЦФ да ја преживее кризата со коронавирусот со обезбедување неколку милијарди евра. Тоа го изјави министерот за транспорт Жан-Баптист Џебари за  „Фигаро“.

Владата ќе и помогне на компанијата преку зголемување на капиталот или дополнителен откуп на долгови, рече Џебари.

„СНЦФ нема проблем со протокот на пари. Сепак, државата ќе и помогне на компанијата со неколку милијарди евра“, нагалсува Џебари.

Џебари исто така рече дека Владата очекува за возврат „високо ниво на економски, еколошки и социјални перформанси“ од СНЦФ.