Франција ја помина бројката од 50.000 заразени на ден


Метрото во Париз снимено во неделата (Фото: АП)

Франција регистрираше 52.010 нови потврдени случаи со корона вирус во изминатите 24 часа, по рекордните 45.422 во саботата, се вели во соопштението на Министерството за здравство во неделата.

Исто така, се вели дека 116 лица починале од инфекцијата со корона вирус во текот на изминатите 24 часа, во споредба со 137 во саботата, со што вкупниот број на потврдени смртни случаи изнесува 34.761.

Со новите случаи вкупниот број достигна 1.138.507, со што Франција сега се најде пред Аргентина и Шпанија и стана земја со петти најголем број случаи во светот, по САД, Индија, Бразил и Русија.