Франција ја чека уште потежок карантин


 Франција ќе мора да прибегне кон строги ограничувачки мерки како оние во Ирска и во Велика Британија, ако не успее да го спречи ширењето на мутираниот коронавирус. Тоа го изјави денеска францускиот епидемиолог и владин советник Арно Фонтане.

Тој за француското радио Ентер нагалчси дека мерката ќе зависи од напредокот во ширењето на мутираниот коронавирус.

Според него, друг проблем е што Франција е во многу тензична ситуација поради исцрпениот медицински персонал во болниците.