Франција е уверена дека Бугарија ќе го крене ветото за Македонија

Францускиот министер за Европа, Клемен Боне, на разговори во Софија


Од средбата на Кирил Петков и Клемен Боне

 

Францускиот државен секретар за европски прашања Клемен Бонe по денешните разговори во Софија изрази уверување дека Бугарија ќе го крене ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската унија. Боне денеска е во Софија на разговори со премиерот Киртил Петков, претседателот Румен Радев и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на кои ги претстави приритетите на Француското претседателство со ЕУ. Еден од тие приритети е и одблокирањето на преговорите со македонија и Албанија. Боне ги обиколува европските престолнини пред почетокот на француското претседавање.

Бон се сретна со новинарите по разговорите со Петков и Радев. Францускиот дипломат изрази оптимизам дека Софија и Скопје ќе најдат заеднички јазик и ќе има позитивен развој во преговорите меѓу двете земји. Како што јавија бугарските медиуми Париз е уверен дека Софија ќе го крене ветото. 

Една од важните теми за Бугарија е нејзиниот влез во Шенген зоната, но за тоа засега изгледа дека нема прецизни рокови. Боне на наовинарите јасно им кажал дека дека прво мора да се спроведат реформи во самата Шенген зона, а потоа да се примат нови членки.

Приоритетите на Франција за време на нејзиното претседавање со ЕУ ги вклучуваат социјалната политика и темата за минималната плата, климата, цените на енергијата, одбраната и безбедноста и миграциската политика.