Франција е четвртата земја што надмина 15.000 жртви од корона вирусот


Париз – – Франција во вторникот официјално регистрираше повеќе од 15.000 смртни случаи од инфекцијата со корона вирусот (денешната бројка е 762), станувајќи четврта земја што го надмина тој праг по Италија, Шпанија и Соединетите Држави.

Но, бројот на лица во одделите за интензивна нега падна на 6.730 од 6.821 во текот на 24 часа, што е опаѓање шести ден по ред, што укажува дека националното заклучување, продолжено во понеделникот до 11 мај, има позитивни ефекти во запирањето на болеста.

За време на прес-конференција, Жером Саломон, шеф на јавното здравство, рече дека бројот на луѓе кои починале од оваа болест во француските болници и старски домови порасна за пет отсто за еден ден (вкупно 15.729), наспроти четири отсто во понеделникот и неделата. (Ројтерс)