Франција бележи рекорди со над 3.000 новозаразени


Бројот на ново заразени со коронавирус во Франција веќе втор ден по ред надминува 3.000, објави вечерва Министерството за здравство.

Во последните 24 часа биле пријавени 3.015 нови случаи, пренесува Ројтерс.

Агенцијата забележува дека ова е сè уште помал број од вчерашниот најголем број новозаразени лица по укинувањето на строгите мерки, кога беа пријавени 3.310 нови случаи. Во земјата има вкупно 218 536 заразени од почетокот на пандемијата , додека починале 30 410 лица.

За да се намали бројот на заразени, властите ќе предложат маски за лице на работните места .