Фотографска изложба на Милчо Манчевски во Софија


Фото: Б. Грданоски

Изложба на фотографии на режисерот Милчо Манчевски ќе биде отворена денеска од 17 до 20 часот во Галерија „Академија“ на Националната Академија за ликовни уметности во Софија.

Изложбата насловена „Таму“ е составена од 88 колор дела на тема улична фотографија.

-„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН, велат од Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија.