Скопје во прегратки на маглата (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Додека скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека успешно ги намалиле бројот на денови со загаден воздух во главниот град, овие неколку дена, скопјани се во магла.

Особено критично е во скопските населби Волково и Лисиче, а големо загадување и намалена видливост има и во останатите делови на главниот град.

„Стојам на семафори, прст пред око не се гледа“, коментира една жена која се обидува од предградието на Скопје да влезе во главниот град.

Дека воздухот е опасен за дишење потврдува и веб-страницата „Мој воздух“, каде што се прикажани резултатите од сите мерни страници ширум Скопје.

Густата и смрдлива магла се спушти над градот и ги задушува скопјани.

Таа е видлива и преку ден од Водно.

Нашиот фотограф Борис Грданоски, денеска се прошета по Водно, каде направи неверојатни фотографии од маглата, која, вака зимски, го прегрнала Скопје.(Н.В.)

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски

Фото: Б. Грданоски

.