(Фото) Заврши четвртото издание на Фестивалот на светлина „Скопје Лајт Арт Дистрикт“

Синоќа заврши четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, во чии рамки 25 уметници од 14 земји изминатите четири дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани.
Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во ковид-болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.
Продукцискиот тим и уметниците од Фестивалот упатуваат голема благодарност до сите граѓани кои беа дел од овогодинешното издание.
Меѓународниот фестивал на светлосна уметност „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, е дел од ROCK проектот, во рамки на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ наменета за истражување и иновации. сп/