Заев, Николовски и Филипче казнети по 50 евра оти се возеа без кациги


За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.