(Фото, видео) Во Велика Британија заглавени илјадници камиони поради забраната за влез во Европа

Франција објави забрана за патување за целиот сообраќај од Велика Британија во неделата вечерта по појавата на новиот вид на КОВИД-19

Возачите на камиони ќе можат да патуваат во Франција од утре наутро ако обезбедат негативен тест за Ковид -19 откако Велика Британија се подготвува да тестира до 6.000 превозници на ден користејќи го контроверзно брзо тестирање

 

Забраната за патување за целиот сообраќај од Велика Британија во неделата вечерта по појавата на новиот вид на КОВИД-19 во оваа земја, доведе до драматични сцени во Кент каде што заглавени се најдоа илјадници камиони и нивните возачи. Одлуката значеше дека пристаништето во Довер беше драматично затворено за сите товарни возила што ја напуштат Велика Британија во следните 48 часа, пишува Дејли меил

Секретарот за транспорт Грант Шапс вечерва преку социјалните мрежи потврди дека е склучен договор, што исто така значи дека авиони, бродови и „Еуростар“ ќе продолжат со својата услуга по 48 часа хаос.
Сепак, не е јасно кој вид тест е договорен, со тоа што францускиот претседател Емануел Макрон бара да се користи „златниот-стандард“ – PCR-тестовите кои се поскапи, лабораториски тестови, кои може да се процесираат до 72 часа.
Од друга страна, Велика Британија сакаше да користи побрзи тестови што можат да обезбедат резултати во рок од еден час – и покрај тоа што се сметаат за помалку ефикасни освен ако не ги администрира медицинска сестра и дури беа наречени ефективно бескорисни.

Одлуката значеше дека пристаништето во Довер беше драматично затворено за сите товарни возила што ја напуштат Велика Британија во следните 48 часа
Шефовите на возачите тврдеа дека хаосот целосно го прави Владата и повикаа на обештетување

Како и да е, тоа претставува значителен чекор напред по долг период на ќор-сокак, со тоа што Брисел повика на крај на граничната блокада, во која се уште се заглавени уште 4.000 камиони паркирани во Кент.
Забраната за патување беше воведена како одговор на стравувањата за ширење на позаразниот вид корона вирус, кој брзо се шири во Велика Британија.
Шапс објави на Твитер: „Добар напредок денес и договор со француската влада за границите. Ќе обезбедиме ажурирани информации за превозниците подоцна вечерва, но превозниците сè уште НЕ смеат да патуваат во Кент.“
Францускиот министер за транспорт Жан-Батист Џебари додаде: „Француските државјани, жителите и оние со легитимна причина да бидат тука мора да обезбедат негативен тест“.

Велика Британија и Франција сè уште се обидуваат да се договорат за мерките за повторно отворање на границата бидејќи стотици камиони чекаат во Кент

Ова доаѓа меѓу извештаите дека британската војска се подготвува да тестира до 6.000 превозници на ден со контроверзниот брз тест.
ЕУ ги повика европските земји да ги отфрлат сите забрани за патување воведени во Велика Британија, вклучително и за движење на товар, бидејќи сè поголем број камиони сега ги исполнуваат автопатот и споредните улици во близина на Довер.
Препораката сугерира дека треба да се користат брзи тестови за да се избегне нарушување на протокот на товарниот сообраќај.

Возачите на камиони заглавени во Кент, конечно имаат зелено светло за патување во Франција од утре наутро – но ќе треба да обезбедат негативен тест за Ковид пред да го преминат Каналот

Европската комисија исто така објави упатства во кои се препорачува сите несуштински патувања од и кон Велика Британија да бидат „обесхрабрени“ заради ризикот што го носи новиот мутантен вид на корона вирусот, кој се шири побрзо од неговиот претходник.
Но, се додава: „Забраните за летови и возови треба да се прекинат со оглед на потребата да се обезбеди основно патување и да се избегнат нарушувања на синџирот на снабдување“.