(ФОТО/ВИДЕО) Во Гвадалхара метар и пол град


Шест предградија во градот Гвадалхара беа покриени со дебел слој мраз, откако овој мексикански град беше погоден од силна бура.

Во некои места прекривката од град била дебела околу 1,5 метар, а автомобилите биле затрупани, објави Би-би-си.

Цивилната одбрана распореди машини за чистење на улиците на овој петмилионски град, а локалните власти соопштија дека во одредени делови на градот имало поплави и паднати дрвја, но никој не бил повреден.

Како што се наведува, за време на невремето биле оштетени 200 куќи и десетици автомобили.