(Фото/Видео) Супертајфунот Раи ги погоди Филипините


Супертајфунот Раи, локално познат и како Одета, стигна на источниот брег на Филипините.

Евакуирани се десетици илјади луѓе, а бурата нагло зајакна и од тајфун прерасна во супертајфун.

Во моментот кога Раи пристигна на островот Сиаргао кај источниот брег на Филипините, достигна трајна брзина на ветрот од 260 километри на час, а некои удари беа и со брзина поголема од 300 километри на час.

Во некои делови на Филипините од почетокот на неделата обилно паѓаше дожд.

Илјадници села на предвидениот пат на бурата се изложени на голем ризик од поплави и одрони, а тлото и онака е нестабилно од силните дождови.

Откажани бројни патувања

Се очеклува раи да помине и во средишните и јужните региони на Филипините, а некои од најлошите удари се очекуваат во регионот Суригао кој се наоѓа на северниот дел на Миндадао, еден од најголемите острови во земјата.

Во регионот Суригао спортските сали претворени се во центри за евакуација.

Во источниот Висајас евакуирани се повеќе од 45.000 луѓе.

Воздухопловните комапнии откажаа десетици летови, додека властите во земјата забранија поморски и копнени патувања во средишните и јужните длеови на Филипините, поради што илјадници останаа во пристаништата.

Ова е 15 бура што ги погоди Филипините годинава

Хуманитарните организации и агенциите за помош исто така се на терен, работат со локалните власти на подготовка за бурата и помош при евакуацијата.

Тимови на филипинскиот Црвен крст распоредени се по источниот брег, помагаат да се организираат тимови за прва помош, делат храна и вода како и ќебиња и безбедносна опрема.

Супертајфунот Раи е 15 голема бура што ги погоди Филипините годинава.