(Фото вест) Желасков стигна во Хаг, молк во Бугарија за средба со Сиљановска

Бугарскиот премиер Росен Желасков само што пристигна во Хаг за да учествува на самитот на НАТО, кој со свечената вечера практично започнува вечерва, а главната агенда ќе се случува утре.
Засега нема вест дека во Хаг стигнала и нашата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, но во бугарските медиуми освен едно навестување од околу, нема информација дали ќе се оствари средба меѓу двајцата. Фактот дека премиерот Христијан Мицкоски избегна да оди на самитот и место тоа ја прати претседателката средбата ја прави реална, бидејќи тој не сака да биде таму каде што се презема одговорност за тешки прашања.