(Фото вест) Тревникот на плоштадот „Македонија“

Фото: Независен

Просторот на плоштадот „Македонија“ пред објектот „Лумикс“ вчера беше послан  со трева. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, лани најавуваше дека целиот потег од Триумфалната порта ќе се поплочи, но заврши само еден дел, поголемиот, затоа што местото каде што е тревата е прватна парцела. Таа парцела беше купена од инвеститор за изградба на „Шпанските скали“, па Шилегов објасни дека не сакал да интервенира на приватен простор.

Целиот тој дел од плоштадот, некаде околу 1.800 метри квадратни, претходно беше асфалтиран, па Шилегов, со цел да го изедначи изгледот на плоштадот реши да го поплочи. Покрај тоа, посаден е и нов дрворед.

Денеска на ова реагираше и ВМРО-ДПМНЕ дека Петре Шилегов е „единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор што ќе доликува на метропола, тој создаде полјана“.

Погледнете ја фото-галеријата:

 

Дополнително, покрај зградата „Пелагонија“ насаден е дрворед, за кој градоначалникот извести вчера преку Фејсбук.