(Фото вест) Се сечат суви дрвја во Центар


Во големата акција за чистење на Градот Скопје, што вчера ја најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а која ќе се спроведува во сите општини, утрово во Центар екипи сечат суви дрвја.

Се отстрануваат исушените стебла и гранки, кои се потенцијална опасност да паднат врз некого или врз нешто, особено при засилен ветар и невреме.