(Фото вест) Дванаесет часови тече вода, нема кој да ја сопре


Во населбата Аеродром, пред слаткарницата „Палма“ дванаесет часови тече вода и нема кој да ја сопре, иако дефектот беше пријавен во ЈП Водовод и канализација. Поради несовесни граѓани, кои веројатно го искорнале заштитниот вентил, истече огромно количество вода, а единствен бенефит беше што се навлажни околната трева. 

Друга тема е што граѓаните навистина треба да бидат упорни за да го добијат телефонот што се рекламира дека е функционален 24/7 часа, а бројот што е наведен како бесплатен за пријавување дефекти воопшто не функционира. Во Центарот за исвестување пак не се ни вклучува врската, што покажува како функционираат ваквите служби откако навлезе партиски кадар во нив.