(Фото) Троока змија најдена во Австралија, ја нарекоа Монти питон


 

Рендгенска снимка на глава од змија откри дека таа има три очи, со нормално развиени три очни дупки, а дека не се работи за две споени глави.

Змијата со три очи, наречена Монти питон, најдена е во градот Хампти Ду на Северната територија, на австралискиот континент, пренесе „abc.net.au”.

Необичниот дијамнтен питон долг околу 40 сантиметри откриен е на авто-пат. Имал деформирана глава и три функционални очи, од кои едно на средина на главата.

Имал потешкотии со голтањето коха ренџерите го нашле и угинал минатата недела, објавија од управата за паркови и природа на Северната територија.

Змијата била млада и пронајдена е на 40-тина километри јужно од главниот град Дарвин.

Научниците сметаат дека најверојатно третото око се развило во раната ембрионалната фаза и дека не е последица на влијанието на средината.

Управата прв пат постави слика од змијата на својата фејсбук страница оваа недела со текст: „Троока змија предупредува: Сушата пристигнува“, очигледно алудирајќи на телевизиската серија „Игра на тронови“, каде троок гавран предупредува „Зимата пристигнува“.

https://www.facebook.com/ParksandWildlifeNT/posts/2284844224909161