(ФОТО) Стоилов го излечи коленото – се враќа во топ-форма


Капитенот на европскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов, комплетно подготвен ќе ги пречека подготовките за новата сезона со оглед на тоа дека кружниот напаѓач одлично закрепнува по операцијата на коленото.
„Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на Вардар на денешниот контролен преглед нѝ откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, кои што ќе потпомогнат за побрза рехабилитација“, информираа од „Аџибадем Систина“, болницата која се грижи за здравјето на вардаровите ракометари.
Стоилов некое време имаше проблеми со коленото, но по завршувањето на сезоната одлучи да го одигра мечот против Турција со националниот тим во квалификациите за ЕУРО 2020, а потоа ја направи потребната интервенција.