(Фото) Стилот на Заев и Ципрас во Скопје: Вратоврската ги раздели

Ципрас лежерен без вратоврска, Заев сериозен, со црвена кравата. И двајцата во добро скроени тегет костуми, закопчани, во бела кошула. Елегантни, денес, во Скопје, за првата историска посета на грчки премиер на Македонија. Моден додаток им беа насмевките и доброто расположение и селфи фотки за долго сеќавање.

Вратоврската и во политиката и во животот ги открива вашиот животен стил и политичка кариера. Зависи каде и кој ви ја врзал вратоврската. Вие, партнерката, на посета или за време на кампања. Ве одава што (не) сте или што сакате да бидете. Крие финеси во јазолот, бојата и во материјалот.

Не секој што носи вратоврска е господин ниту секој што не носи не е за почитување.

Иако на крајот од денот секоја стегната вратоврска завршува олабавена околу вратот.

Сега полежерната комуникација дозволува да се носи костум без вратоврска.

Со украсни копчиња за манжетните на кошулата и еднобојно или дезенирано украсно шамиче во горниот џеб на палтото.

Изборот е ваш.Само внимавајте, вратоврската ја брише границата меѓу етиката и естетиката!

Л.Сабит  

Фото: Б. Грданоски