(Фото) Сообраќајка на крстосницата кај СД „Кузман“, се направи метеж


Сообраќајка попладнево се случи на крстосницата кај Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се се реконструира веќе неколку месеци и не е прооден за возила, па сите кои доаѓаат од Рекорд вртат лево или десно. Полицијата го блокира сообраќајот на една лента каде се уште се наоѓаат судрените автомобили. Нема информации за повредени. 

Сообраќајот на булеварот „Климент Охридски“ кон Европскиот универзитет се одвива отежнато.