(Фото) Скопјани не му одолеаја на убавото и сончево време

Додека некои денешниот ден го искористија да ги пополнат домашните залихи во супермаркетите, други излегоа на прошетка во Градскиот парк.

Поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, познатата скопска шема е на 14-дневна пауза. Кафеаните беа полупразни, растојанието меѓу масите е зголемено, па отсуствуваа карактеристичните метежи.

За среќа, времето беше топло, па Градскиот парк се покажа како добра (и посигурна) алтернатива.


Сепак, и таму видлива беше претпазливоста кај оние што шетаа – луѓето се движеа или седеа во помали групи и внимаваа на растојанието. Тоа особено беше забележливо кога купуваа кафе или пијалаци.

(Фото: Борис Грданоски)