(Фото) Секоја невеста може да биде убава: Чудесна шминка пред и потоа


Оваа сезона на голема врата се врати нападната шминка која е омилена кај нас и секоја жена ја прави убава. Трикот е во тоа да изгледате свежо и одморено. Ретко која невеста шминката ја изведува сама, а повеќето невести се одлучуваат довербата да ја препуштат на професионалните стилисти за шминка. Иако, тоа ќе го изведува професионалец, сепак одлуката е ваша каква шминка ќе посакате.

Венчавката е ден кога треба да изгледате совршено, а нежната или посилната шминка само ќе ја надополни целата романтична приказна. Силно нагласените очи и усни се ин, но и со пудрата, коректорот за подочници, маскарата, црниот молив или туш и неутралното руменило за усните ќе постигнете совршен изглед. Ваквата шминка е одличен избор посебно за невестите кои и онака не практикуваат многу шминка, па така ваквиот „мејкап“ е идеалниот за овие дами.