(Фото/видео) Сè повеќе граѓани излегуваат на протестот против Вардариште


Граѓаните на скопската општина Аеродром и денеска се собраа да изразат револт поради лошиот кавлитет на воздухот и мирисот кој се шири оради константното горење на депонијата Вардариште.

Иако се очекуваше да има помалку народ, со оглед на тоа што ни следува продолжен викенд, но оние кои останаа во Скопје и ќе го дишат загадениот воздух, покажаа дека и денеска се тука со иста мисла – што побрзо да се најде решение за депонијата Вардариште и таа да престане да ги труе. 

Блокадите траат веќе неколку денови, а  блокирана е крстосницатапомеѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, пред мостот „Киро Глигоров“.

Денеска носеа транспарент на кој пишуваше „Добредојдовте во Гасодром“, а на улицата напишаа: „Секој ден блокада 18:00 ч.“

Граѓаните доаѓаат со велосипеди, електрични тротинети, пеш, а со нив носат и деца, но и кучиња со кои излегле во прошетка. 

Се надеваат дека надлежните ќе ги слушнат и ќе почнат да го решаваат проблемот со Вардариште, кој патем и денеска чадеше.