(Фото) Стоп за труењето: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци” поради загадувањето и пожарите на Вардариште, Дрисла…

Изминатите денови на истата локација беа организирани протести во тек на вечерните часови. Ова е прв пат протестот да се организира наутро


Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба.

Како што претходно најавија организаторите на протестот, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и пради пожарите на други локации, како оној во Трубарево.

Изминатите денови на истата локација беа организирани протести во тек на вечерните часови. Ова е прв пат протестот да се организира наутро.