(Фото) Ресторан падна врз главите на посетителите во Кина, 17 загинаа


Во урнатините на ресторан во Кина животот го изгубија 17 луѓе, а 28 се повредени, додека седуммина се во критична состојба.

До несреќата дошло кога ресторан од два ката се урнал за време на собир организиран утрово во угостителскиот објект, потврдија надлежните.

Државната кинеска агенција пренесе дека 17 луѓе загинале, а 28 се повредени.

Несреќата се случила во град на 630 километри од Пекинг, а причината не е позната.