(Фото) Рестартирањето на Бундеслигата почна со победи на Борусија Дортмунд и Херта, Холанд прв стрелец


Борусија Дортмунд и Херта триумфално се вратија на теренот по принудната пауза во Германското фудбалско првенство кое беше прекината поради коронавирусот.

До три бода стигна и Волфзбург на гости со гол постигнат во судиското надополнување.

Резултати на петте саботни попладневни средби од 26. коло во Бундеслигата:

Аугзбург – Волфзбург 1:2
Борусија Дортмунд – Шалке 4:0
Фортуна Дизелдорф – Падерборн 0:0
Хофенхајм – Херта 0:3.
Лајпциг – Фрајбург 1:1

Инаку, напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд прв го отвори резултатот во мечот од 26. коло во Бундеслигата против Шалке.

Во 29-та минута од средбата, 19-годишен Норвежанец го реализира првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната, прекината поради коронавирус.

Деветнаесетгодишниот Норвежанец го изведе танцот по постигнатиот гол додека одржуваше социјална дистанца.

За Холанд ова е 10. гол на девет натпревари во Бундеслигата.

Во 18:30 часот почна дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах.