(Фото) Претседателите од регионот ја пополнуваа картата на ЕУ со делот што недостасува


Симболично, со пополнување на картата на Европската унија со „делот што недостига“, претседателите од регионот, пред почетокот на денешната пленарна сесија во рамки на Преспа форум дијалог, го вклучуваа и Западен Балкан во оваа своевидна сложувалка.

Камерата на Независен го регистрираше овој симболичен чин со претседателите на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и на Словенија, земја – актуелен претседавач со ЕУ, Борут Пахор.

Инаку, темата за која што расправаат претседателите денеска е „Ресетирање на синергијата на ЕУ-САД кон Западен Балкан, а неа покрај Пендаровски, Ѓукановиќ и Пахор, учествуваат и Филип Рикер, Јоханес Хан, Алан Ричард и Томас Гарет.

(Фото: Независен.мк)