(Фото) Пожар во болница со ковид пациенти во Романија, 10 луѓе загинаа

 

Најмалку десет луѓе загинаа во пожар што денеска изби во болница на северот на Романија, каде се лекуваат и пациенти заболени од корона вирусот, соопштија локалните власти.

Седум пациенти се повредени, меѓу кои има и со повреди опасни по живот.

Од службата за вонредни ситуации на северниот романски регион Неамт наведоа дека пожарот зафатил две соби во болницата во која се лекуваат пациенти со Ковид-19, пренесе Ројтерс.

Од романската служба додаваат дека се верува оти меѓу загинатите има пациенти со Ковид-19. Инаку, сите загинати освен еден се пациенти во болницата во градот Пиатра Неамт, на 350 километри од Букурешт.