(Фото) Полицијата не дозволува искачување на Водно
Откако пред два дена стапи на сила одлуката на Владата за забрана за движење во шумски предели, денеска, на патот кој води кон Водно, полицијата го блокира патот.
Полицијата ги пропушта само оние кои имаат објекти на скопската планина, како и работници.
Забраната за движење во шумски предели е донесена поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен.
Надлежните апелираат сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Воедно доколку забележат пожар треба веднаш да пријават во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.