(Фото) Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб


Во центарот на хрватската престолнина Загреб, осамна голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ.

Поддршката од Загреб доаѓа во момент кога српскиот ас е жестоко критикуван, пред сѐ од Загреб, откако корона вирусот влезе во Адриа тур, организиран токму од Ѓоковиќ.

Пред само две недели турнирот беше прекинат во Зада кога беше откриено дека Григор Димитров е позитивен на Ковид-19, а подоцна беа и Ќориќ, Виктор Троицки, Ѓоковиќ…

Сега загребски „Јутарњи лист“ пренесе деа млади, кои веќе некое време спонтано се собираат пред загребскиот Хвраски народен театар, на таа зграда закачија транспарент на кој пишува „Имаме право да дишеме. Стоп за корона теророт. Поддршка за Новак од Хрватска“.

Во меѓувреме Ѓоковиќ и неговата сопруга се опоравија од корона вирусот.