(Фото) Пат што само најискусните возачи може да го поминат на дожд


 

Атланскиот пат во Норвешка е вистинско чудо на градежништвото. Овој 8,2 километри долг пат е дел од норвешкиот државен пат 64, а поврзува многу мали островчиња во округот Маре ог Ромсдал на западниот дел од земјата.

Во рамки на патот се наоѓаат неколку насипи и осум мостови, од кои најпопуларен е Сторсеисундет, кој се издигнува на 23 метри над морето. Но, дурти ни тоа не е доволно да го заштити патот од продор на водат за време на бура,.

Возењето по Атланскиот пат се претвора во вистинска мора кога почнува да паѓа дожд или ако се разбранува Норвешкото Море. Не само што маглата и облаците ја намалуваат видливоста, туку на возачите им пречат и водените завеси кои одненадеж се подигнуваат пред автомобилот.

Токму затоа овде возат само најискусните возачи со одлична координација.