(Фото) Ова се жртвите на масовниот убиец од Младеновац


 

Урош Б.(21) синоќа во близина на Младеновац кај Белград уби осум и рани уште најмалку осум лица. Во престрелката што се случила околу 23 часот загинал полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25). На друго место застрелани се  М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).

Полицаецот и неговата сестра се убиени во дворот во селото Дубона кај Младеновац, пишува Блиц, а пукано е од „мерцедес“ со пиштол и автоматска пушка.

Ова се фотографии од убиениот полицаец, неговата сестра и нивната пријателка:

Пукано во луѓе на пикник
Полицијата цела ноќ трагаше по убиецот кој утрово беше уапсен кај Крагуевац. Тој тргнал во крвав поход од Орашје кога излегол од автомобилот и испукал рафал кон група луѓе собрани околу логорски оган на пикник, пишува Блиц.

После тоа пукал во четири лица кои ја поправале оградата во дворот.