(Фото) Осквернавен споменикот на Александар Македонски во Атина: „Тој беше крвник на народите“
Непознати лица, по само две недели од поставувањето на споменикот на Александар Велики во Атина, го вандализираа и на постаментот испишаа погрдни зборови.
Грчкиот портал „Ефимерида“ објави дека непознати лица успеале да го оштетат постаментот и покрај тоа што споменикот е постојано надгледуван од полицијата која е стационирана на само неколку метри.
„Сонцето од Вергина грее хомосексуалец“; „Александар беше убиец на народите, а сега и на ситната буржоазија“, пишува на постаментот на споменикот на Александар Македонски.