(ФОТО) Најплодната жена на светот: 40 годишна со 44 деца


Марион Набанџи од Уганда е најплодната жена во светот. Кога се омажила имала само 12 години. А имаше близнаци кога имаше само 13 години. На 36 години, таа беше мајка на 44 деца.  23 синови и 21 ќерка. Шест  деца починаа  при породувањето. Родила шест близнаци, четири тројки, шест четворки, а само две  од  децата се родени, поединечно.

Таа сега има 40 години, но останала сама во одгледувањето на 44 деца откако сопругот ја оставил и си заминал, пред само 4 години.

,,Имав трагично детство. Имав само 13 години, моите родители ме продадоа на лице 27 години постаро. Мојот сопруг никогаш не бил вклучен во воспитувањето на децата. Покрај тоа, тој ме третираше лошо, а одговорноста за децата беше целосно на моите рамења. Морам да работам напорно за да го поддржам моето семејство. Секој ден, за да го нахранам целото мое семејство, ми требаа најмалку 10 килограми пченка, 7 килограми грав и 4 килограми шеќер. За избалансирана исхрана не може да се зборува – најважно е да се хранат и преживеат”, вели таа.

Сега, Марион Набанџи и нејзините деца немаат друг избор освен да живеат во мизерна состојба во мала куќа од тули од цимент.