(Фото) Најголема парада на гордоста на Блискиот Исток во Тел Авив

Најголемата Парада на гордоста на Блискиот Исток, која привлекува стотици илјади гости, се одржува денеска во Тел Авив.

Поддршката за правата на хомосексуалците е се пораспространета во Израел, каде геј луѓето отворено служат во војска и во парламентот, но сепак не постигнале еднаквост, пишува АП.

Некои учесници на парадата носеа транспаренти на кои ги исмевале членовите на израелската десничарска, верска влада која го ограничува бракот и родителските права на истополовите двојки.

Телевизиската ѕвезда Нил Патрик стигна неделава во израел за да ја предводи парадата.

Прославата претставува кулминација на месецот на ЛГБТ случувањата и 50 годишнина од Стонвол, што се смета за пресуден момент во унапредувањето на правата на геј луѓето.