(Фото) На жешкото `напуштени се` градилиштата во Скопје


Фото: Независен весник

Откако властите предупредија дека денеска на територијата на цела држава е прогласена портокалова фаза поради високите температури, по скопските улици може да се забележи дека градилиштата се празни.

 

Препораките се да не се излегува надвор по 11 часот, а работниците кои работат на отворено да направат пауза. Работодавците се задолжени да им обезбедат една климатизирана просторија во која може да се разладат.

Така, во главниот град, денеска не можеше да се види ни еден градежник на скеле, иако во некои објекти се работеше внатре, под сенка.

Фото: Независен весник
Фото: Независен весник
Фото: Независен весник

И Општина Кисела Вода, поради топлотниот бран, а согласно препораките на Владата, од вчера до 14 август ги ослободи од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Покрај тоа, локалната власт на Кисела Вода во соработка со Црвен Крст, со специјално возило на хуманитарната организација и медицински тим патролира низ улиците и по потреба интервенира и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови. Воедно, на најфреквентните локации во општината се дели вода.

Фото: Независен весник

-Апелираме до сите наши жители да ги следат препораките и во целиот летен период и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, за кои докторите секојдневно информираат, се вели во соопштението на општина Кисела Вода.