Фото: На плажите во Грција стигнаа првите заштитени лежалки


Бар на плажа во Санторини стана првиот во Грција кој вгради плексиглас околу своите лежалки за да ги заштити посетителите од корона вирусот.
„Демилмар“, сместен на прочуената плажа со црн песок во Перисa, ја смисли оваа идеја за да ги обезбеди луѓето кои ќе можат да дојдат на плажа летово, а истовремено да се чувствуваат сигурно.
Сопственикот Чарли Чахин за грчките медиуми рече: „Мора да најдеме решение за луѓето да бидат безбедни ова лето. Не можеме да чекаме властите да ни дадат препораки. Мора да делуваме веднаш“.
Вели дека ќе има и мерки за лична заштита, како антисептици, додека персоналот ќе биде опремен со маски и ракавици. Барот на плажата на Санторини можеби почнува креативен нов тренд кој би го следеле и другите земји.
Бидејќи се очекува правилата за социјално дистанцирање да останат на сила во следните месеци земјите како Грција размислуваат надвор од рамките и да го зајакнуваат туризмот.