(Фото) Мода и дипломатија: Ревија „Мејд ин Маседониа “ во Скопје


Македонската мода претставена преку домашните модни куќи синоќа во Скопје ги спои македонската традиција, дизајн и култура со дипломатијата која препознава убавина, љубезност и гостопримство во Македонија, а не само политика.

Албатрос

На мал простор , но значаен како настан, со многу публика од културната и модната фела, амбасадори и аташеа како и преставници од меѓународната заедница кои престојуваат и живеат во Македонија, се одржа целовечерна гала модна  ревија со колаж од најпознатите македонски модни брендови кои се претставија со по 5 аутфити од актуелните колекции.

Астибо

Се бараше место за стоење повеќе, и поглед за гледање, синоќа во Музејот на македонската борба, како симболично место за организаторот- македонскиот велком центар „Добредојде“ кој годинава одбележува 10 години на полето на културна дипломатија во рамките на својата програма за промовирање на македонската традиција и култура, и годинава, под покровителство на амбасадата на Велика Британија во Македонија.

Линеа

Традиционално, по трет пат, ревијата „Мејд ин Маседониа“ не зближи како дизајнери, потрошувачи, дипломати и уживачи во убавата креација. (Л.С.)

Фото: Борис Грданоски

Елена Лука
Елена Лука
Елена Лука
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј
Германскиот амбасадор Томас Геберих