(Фото) Министер прошета по чорапи во австрискиот парламент


Австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел во австрискиот парламент предизвика „модна“, но и политичката бура поради тоа што се прошета во пленарната сала без чевли, само по чорапи.

Блимел, за време на вчерашната седница, ги собу чевлите и прошета по тиркизни чорапи, боја која е исто така симбол на неговата Народна партија (ОВП).

Ова предизвика големо негодување кај опозициската Социјалдемократска партија (СПО).

„Дали вашата политика ве вади од чевли, господине министер Блимел?“, напиша СПО на својот профил на Твитер и рече дека министерот треба да се срами од таквото однесување.

Невообичаената постапка на министерот Блимел во јавноста поттикна дебата за тоа дали е соодветно еден министер треба така да се однесува во собранието.