(Фото) Метеор го осветли небото над Хрватска


Во саботата вечерта небото над Хрватска било осветлено од метеор.

„Синоќа, на 23 јули 2022 година, во доцните вечерни часови добивме бројни дојави за прелет на огнена топка некаде над средината на Далмација, а камерите на Хрватската метеорска мрежа (кои работат во склоп на Глобалбната метеорска мрежа) од Хум, Пожега, Пула, Задар, од Јанковец и Ѕвезденото село Мосор ја забележаа оваа небесна појава“, пишува Хрватскиот астрономски сојуз.

„Гледано од Ѕвезденото село Мосор, огнената топка беше сјајна како млада Месечина, додека со 270 километри оддалечено од Јанковец нејзиниот сјај бил значително помал. Резултатите од обработката на снимките појаснуваат дека појавата е предизвикана од спорадичен метеороиден од астероидно потекло, кој својот светол лет го започнал на 91,8 километри височина над тлото со влезна брзина од 20,6 километри во секунда.

По летот од 6,8 секунди метеорот престанал да свети на височина од 40,4 километри при брзина од околу 5 километри во секунда што укажува на тоа дека не преостанало ништо од изворниот материјал, значи нема никакви можни метеорити.

Патеката на метеорот била паралелна со брегот на средна Далмација, па и да останало нешто од метеорот би завршил в море.

Вакви појави не се ништо невообичаено, и очекуваме во текот на летните месеци да има уште вакви дојави со оглед на тоа дека многу луѓе во овој период во доцните вечерни часови се на отворено“, пишува Хрватскито астрономски сојуз.