(Фото) Меси или Роналдо: Гласање со догорчиња


Екологијата зема замав, па се чини дека секој е загрижен за јавната чистота и правилно одлагање отпад.

Во една таква иницијатива, на Фејсбук страницата „Не биди ѓубре“ се споделуваат фотографии за идеи за корпи за отпадоци, наменети за догорчињата од испушени цигари.

Секој што некогаш учествувал во акција за расчистување јавна површина знае дека најтешко е да се соберат токму догорчињата, особено ако се фрлани во трева.

Ова се неколку идеи како догорчињата може да бидат „алат“ за гласање за тоа кој е најдобар. Така, по свето има поставено пепелници со прашање: „Кој е најдобар фудбалер на светот?“, па пепелникот е поделен на догорчиња што се собираат за Лионел Меси, фудбалер на Барселона или Роналдо, фудбалер на Јувентус. На овој начин се мотивираат фудбалските фанови да внимаваат каде ги фрлаат догорчињата, а измамува и насмевка. Преку транспарентната преграда, „во живо“ може да се следи „гласањето“. На истата финта низ светот може да се забележат пеплници и на тема од серијата „Пријатели“.