(ФОТО) Масовна акција за чисто Скопје


„Комунална хигиена“ денеска започна масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта. Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Почетокот на акцијата го означи директорот на „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, во присуство на в.д амбасадорката на САД, Микаела Швајцер Блум, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, претставници од Стопанската комора, професори и студенти од Економскиот факултет, Универзитетот на ЈИЕ, Универзитетот „Мајка Тереза“ и Балканскиот универзитет, како и директорите на сите јавни претпријатија при Градот Скопје.