(Фото) Градот Скопје набави шест нови хибридни возила


Фото: Независен весник

Градската администрација во Скопје од денеска ќе вози хибридни возила, кои помалку го загадуваат воздухот, со цел да се придонесе кон поздрава животна средина.
„Градот и градската администрација ќе бидат пример, односно стимулатор на еколошки начин на живеење. Имено, Градот Скопје за потребите на градската администрација, набави шест нови хибридни автомобили од макрата „тојота јарис“ за вкупен износ од 6,3 милиони денари со вклучен ДДВ, со што го обновуваме застарениот возен парк на градската администрација“, рече градоначалникот Петре шилегов, на прес-конференција пред канцелариите на Градот, каде ги презентираше новите воила.

Тој појасни дека последната набавка на возила била изведена во 2012 година кога биле набавени „форд фиести“ дизел, што се нееколошки возила.

Фото: Независен весник

Емисијата на јаглеродниот диоксид на хибридите коишто ги набави Град Скопје се околу 4,б мг по километар, а потрошувачката е 3,7 литри за сто километри со што ќе се прават и посериозни заштеди, особено во делот на одржувањето на возниот парк имајќи во предвид дека возилата што ги има Градот набавено се со шестгодишна гаранција односно 200.000 километри.

Фото: Независен весник

„Додека ја предводам градската администрацвија, возилата коишто ги купуваме за нејзините потреби или ќе бидат на хибриден или ќе бидат на електричен погон затоа што сакам Градот кон граѓаните да упатат порака дека мораме да ја штитиме животната средина со што, ако се следи овој пример многу ќе се намали загадувањето во нашито град особено она што се предизвикува од автомобилскиот и патниот сообраќај“, рече Шилегов.
За постарите возила Шилегов рече дека дел од нив нема да ги користат, а дел од нив ќе ги дадате на лицитација или на други градски институции.
Најави дека ќе се труди градот што е можно повеќе да има еколошко поведение во однос на возниот парк.