(Фото) Гламурозна колекција на “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”: Сѐ што сјае е злато

Дизајнерот Златко Јовановски познат по уникатните и екстравагантни креации и за свечени пригоди и за свадби, со ателјеа во Скопје и во Тетово, пред Нова година ја промовира новата колекција наменета за дами кои ценат префинет и провокативен стил.

Колекцијата е во препознатливите бои на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” – златната, сребрената, црната и белата. Сите фустани се  рачно везени со монистри, стакла, камења, апликации, и пердуви за да се долови гламурот.

-Колекцијата имаше и свое одбројување и исчекување на моите профили на социјални мрежи со краткометражни видеа направени специјално за колекцијата. Секое видео е со своја приказна, но во последното видео јас шеговито кажав (а секоја шала- пола вистина) дека поради трошоците за новата колекција банкротирав. Деветте видеа беа направени од продукцијата “МТ Видеографи” а додека пак зад објективот за фотографиите беше задолжен Насер Исмаили. Сликавме со прекрасните Иларија Кирилов и Ивона Нанева. Моделите немаше да бидат комплетни без шминката на Анамарија Његач и фризурите на Станче Кипријанов. Морам да додадам дека фотографиите имаат комплетен “wow” ефект поради креациите секако, но и поради тимот професионалци со кој што соработував како и огромно благодарам за тимот на “КАРЕ Македонија” кој ни ги отвори вратите на нивниот салон за потребите на сликањето, ни изјави Златко.