(Фото галерија) Улицата „Македонија“ како депонија
Улицата „Македонија“, која претенциозно го носи името на државата и е незаобиколна за туристите што доаѓаат во Скопје, место заштитен знак – се повеќе личи на депонија.
Естетската ерозија што му се случи на Скопје најдобро се гледа на оваа улица, која е изнатрупана со тенеке тезги, купишта клупи наставани без концепција и канти за ѓубре од кои ниту една не е функционална.
Ако се суди за чистотата, убавината и урбанизмот во градот според неа, впечатокот би бил дека Скопје во оваа смисла се вратило половина век.