Фото галерија од почнувањето на преговорите меѓу Македонија и ЕУ
Меѓувладината конференција почна со обраќања на Жозеп Борел, Оливер Вархеи и Димитар Ковачевски
Во Брисел денеска почнаа преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Прво имаше заедничка прес конференција на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со македонскиот, албанскиот и чешкиот премиер како претседавач, Димитар Ковачевски, Еди Рама и Петр Фијала. Потоа, околу 9,40 часот почнаа преговорите кои се случија 17 години по добивањето на кандидатскиот статус.
Откако седницата на првата меѓувладина конференција ја отвори чешкиот претставник зборуваа шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и премиерот Димитар Ковачевски, кој зборуваше на македонски јазик.
Фоторепортерот на „Независен“, Борис Грданоски, е во Брисел и еве ги неговите фотографии од салата каде што се одржува меѓувладината конференција.