(Фото) Диви свињи решија да го исчистат Загреб, копаа по контејнери


Рано утрово, загрепчани беа дочекани од несекојдневна глетка. Во загребскиот кварт Шпанско, снимени се три диви свињи како копаат по контејнерите.

Фотографијата се појави на локална Фејсбук страница, а корисникот пиува дека некое време се мотале околу контејнерите, а потоа заминале накај автопатот.

„Тие се природни чистачи, надушкаа храна затоа што крадот е тешка кочина. Ѓубрето стои со денови, ќе ги има повеќе“, стои во коментарот.

Шпанско е населба во западниот дел од Загреб. Според пописот од 2011 година има повеќе од 24.000 жители, што го прави најголема населба во рамки на главниот град на Хрватска.